27/12/2023
‼️Буџетот за 2024 година кој носи развој и фискална одржливост доби зелено светло во Собранието.
👉🏻Почнуваме година со политики за развој, фискална одржливост, како и поддршка за справување со предизвиците.
📌Намалување на помалку продуктивните трошења, намален буџетски дефицит четвртта година по ред, повисоки износи за капитални инвестиции од дефицитот, поддршка на граѓаните преку повисоки плати и пензии.
🔷Остануваме на определбата да водиме стабилни макроекономски политики, да обезбедиме забрзување на растот и да ги поддржиме ранливите категории граѓаните и економијата.
12/12/2023
👉Обезбедуваме сериозна поддршка од близу милијарда евра за развојни проекти, развојни политики и справување со кризата. Законските решенија за нивна имплементација добија поддршка во Собранието.
📌За изградба на последната делница од железничката пруга кон Бугарија 175 милиони евра од ЕИБ и 175 милиони евра од ЕБОР.
📌Дополнително за овој проект 149 милиони грант од ЕУ и 60 милиони евра ИПА средства.
📌За изградба на заеднички железнички граничен премин на Табановце 5 милиони евра од ЕИБ и 2,5 милиони евра грант од ВБИФ.
❗️Од ЕУ за справување со кризата достапни 100 милиони евра, 50 милиони евра од Француската развојна агенција, 93,8 милиони од Светска банка, 90 милиони евра од КфВ банката, 50 милиони евра од Фондот за меѓународен развој во рамки на (ОПЕК) и 27,5 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.
🔷Овој сериозен инпут, што го обезбедуваме во развојот на државата и справување со последиците од кризата, го надополнуваме со направени заштеди во Буџетот и распределени нови дополнителни средства за капитални и други приоритети.
24/11/2023
Предлог-буџетот за 2024 година е реален и одржлив и поставен на реални основи.
Ова го истакнав во гостување во емисијата Зум ин на БлумбергАдриа, во која говорев за плановите и очекувањата за 2024 година поставени во Предлог -буџетот.
Основите во буџетот се темелат на раст на инвестициите, раст на потрошувачката и подобрување на надворешната побарувачка, на продолжување на фискалната консолидација, продолжување на намалување на јавниот долг и поддршка на стандардот преку зголемени средства за плати и пензии.
Приходите во Буџетот оваа година бележат раст од 13% во однос на минатата. Оваа Влада имаме рекордна реализација на капитални расходи што достигна 1 милијарда евра од јануари минатата година до сега.
Реално и успешно се справуваме со буџетскиот дефицит и јавниот долг одржувајќи ги на ниво на утврдените Мастришки критериуми, а при тоа се отплатени и 3 еврообврзници во висина од 1,5 милијарди евра, издадени пред 2016г.
Продолжуваме да креираме политики за забрзување на економскиот раст преку забрзана динамика на реализација на капиталните расходи со отпочнати активности.
23/11/2023
Денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски ја посетивме фабриката Вабтек МЗТ во Скопје - лидер во производството на делови за железничката индустрија повеќе од 150 години.
Владата дава подддршка за компаниите во земјава, со добро платени работни места за нашите граѓани.
РС Македонија индустриски се развива и економијата расте, а тоа е благодарение и на компаниите како Вабтек МЗТ кои инвестираат во високо технолошко – индустриско производство кое се продава на светските пазари како познатиот Ориент Експрес, Кина, Индија и Пакистан.
Рекордната реализација на капиталните инвестиции во земјава е уште еден доказ за сигурната бизнис клима во РС Македонија.